Уписи, протокол и термини

Почитувани родители, ученици и вежбачи

***Нашето танц и фитнес студио започна со уписи за новата сезона 2020/21***

Местата се ограничени, часовите почнуват на 01/09/20 а уписите траат до 10ти септември или до пополнување на групите па затоа побрзајте.

Dancers United ги нуди следните програми :

***За деца:

- Латиноамерикански танци за пчелки (4 - 7 години), деца (од 8-11 години), јуниори (12-15 години) и младинци (16-19 години)

- Балет за пчелки (4-6 години) и деца (6-8 години)

- Хип Хоп за пчелки (4 - 7 години), деца (од 8-11 години) и јуниори (12-16 години)

***За возрасни:

- Зумба Фитнес

- Фит - Аеробик

- Програма за свадбен танц и свадбена кореографија

***За деца и возрасни:

- Индивидуални часови

 

Во ова ново и непознато време за сите нас ние сакаме да се прилагодиме најдобро што можеме и да ги искористиме сите услови и средства кои ни се нудат се со цел нашите членови да го добијат најдоброто. Со таа цел ние почитувајќи ги протоколите на ЦЈЗ и нашата влада, изготвивме план и протокол за безбедно вежбање во сала.

***Но, исто така ја имаме и најдобрата “Online” платформа на нашата веб страна www.dancersunitedmk.com со сите услови за нашите вежбачи да се чувствуваат удобно во своите домови, а исто како да се во сала, во реално време додека трае часот во сала!

*Можете да одберете индивидуална настава или настава во група.

*Групи за возрасни и за деца

*Групи прилагодени според возраст

*Единствена прилика да вежбате во исто време со вашето дете

*Професионален тим на лиценцирани инструктори!

*Можност да тренирате со Државни прваци, Европски и Светски финалисти

*Можност да сте дел од најтрофејниот клуб во нашата држава

*Dancers United располага со простор од 550м2 наменети и опремени специјално за танц и фитнес со превземени мерки за заштита и безбедност од covid-19

*3 сали опремени со под за танц, огледала и вентилација.

*3 тоалети, 2 туш кабини и 2 соблекувални (за деца и за возрасни).

*Голема чекална на отворено и бесплатен вифи, каде родителите може да ги чекаат своите деца.

*Студиото е обезбедувано од лиценцирана фирма за обезбедување.

*Студиото има вработено лице за редовно одржување на хигиената.

*Пред студиото има голем бесплатен паркинг.

 

Протокол на Dancers United за вежбање во сала:

*За секој член е обезбеден и обележан простор од 6м2 за вежбање со насоки на движење во сала за да се избегне физички контакт со другите вежбачи.

*Часовите во секоја сала започнуваат во различен термин за да не се среќаваат дeцата во ходници.

*Во студио и во заедничките простории е задолжително користење на маска/заштита за лице.

*Возрасните влегуваат во сала по извршена дезинфекција на обувки и раце пред влез во студиото и пред влез во сала.

*Тренерот ги превзема децата на влез на студиото каде се врши дезинфекција и мерење на телесна температура при што идат во сала каде повторно пред влез се врши дезинфекција.

*Во сала, секој има своја полица и закачалка каде си ги остава личните работи и водата како и маската, а пристапува до своето обележано место за вежбање.

*Децата е задолжително да вежбаат со визири.

*Часовите траат 45 минути, измеѓу секој час има 15-30 минути пауза за дезинфекција на просториите и површините како и на сите филтри за вентилација и климатизација.

*За секоја сала е обезбеден посебен тоалет и истиот може да се користи со излегување од сала еден по еден т.е. без групни паузи.

*Задолжително е доаѓање на час со опрема за вежбање од дома и носење на чисти патики кои се облекуваат при влез а другите се ставаат во кеса или ранче кои се закачуваат на станицата за лични работи.

*Задолжително е носење на вода на тренинг за да се избегне пиење и полнење вода во тоалетите и истото се поставува на станицата за лични работи.

*Во сала и во заедничките простории е задолжително носење на маска за лице освен додека се вежба.

*Плаќањето на членарината се врши во првата недела од месецот на жиро сметка или во готово или картичка на рецепција кај администраторот со почитување на соодветна дистанца, места кои се обележани на рецепција.

*Забранет е влез на родители и невработени лица , како и членови кои не вежбаат во тој термин во сала и во студиото.

*Поред овие правила се придржуваме и до сите протоколи дадени од ЦЈЗ и Влада на РСМ , кои се поставени на видни места во нашето студио а може да ги прочитате и на официјалната страна на Влада под прилог бр. 28 и прилог бр. 32

 

Секогаш посветени на развојот и успехот на нашите членови.

 

• Ве очекуваме да се пријавите најдоцна до 10.09.20, на:

070/214-561 или 071/470-441,

dancersunitedmk@gmail.com

Термини:

Termini Dancers United
Termini po grupi.jpg

© Since 2013 by Dancers United . All rights reserved. Fall in love with dance...

 

УСЛОВИ И ПРАВИЛА

  • Facebook
  • Instagram
  • YouTube