Dancers United, 2020 година ја започна со претставување на нашата држава во Москва , Русија на Европското првенство во танци ( 6-08.03.2020) организирано од Светската Федерација за Уметнички Танци (WADF) со репрезентација од 20 танчари кои се натпреваруваа во категории соло, дуо, пар, група и голема група во латиноамерикански танци и контемпорари и модерен балет додека кореографите и сопствениците на клубот Сара Кочан и Нермин Кочан не претставуваа како официјални судии на Европското Првенство.
Репрезентацијата се состоеше оддетската група( Тима Муминовиќ, Нина Андоновска, Тара Ефендилер, Ангела Николиќ, Миа Андоновска и Јована Несторовска),првата постава младинци(Арта Ќаили, Никола Дамовски, Анастасија Бановиќ, Евгенија Арсова, Ања Марковска, Јована Бончева, Марија Попоска) игрупата танчари со Даун Синдром( Ана Беќарска, Александар Матовски- Цако, Моника Бисовска, Дарко Ефтимовски, Оливер Блажевски, Христијан Стојанов и Ена Митревска).
Танчерите се претставија во одлично светло и ги освоија следните награди:
– Соло латин шоу “ Spy Girl “ деца 5то место ( кореограф: Нермин Кочан, Изведувач : Ангела Николиќ)
– Дуо латин шоу “School” деца 5то место (Кореограф : Нермин Кочан, Изведувач : Ангела Николиќ и Јована Несторовска)
– Триолатиншоу“ Sweet Little Ladies “ деца 1во место (Кореограф : Арта Ќаили Изведувач : Тима Муминовиќ, Тара Ефендилер, Нина Андоновска)
– Групалатиношоу “Suits”јуниори 1во место (Кореограф : Сара Кочан и Нермин Кочан, Изведувач : Ања Марковска, Анастасија Бановиќ, Марија Попоска, Јована Бончева)
– Групалатиношоу “ Reign”младинци 2ро место (Кореограф : Сара Кочан и Нермин Кочан, Изведувач : Ања Марковска, Анастасија Бановиќ, Марија Попоска, Јована Бончева, Никола Дамовски, Евгенија Арсова)
– Пар младицнича -ча 6то место ( Никола Дамовски и Анастасија Бановиќ)
– Пар младинци пасодобле 4то место ( Никола Дамовски и Анастасија Бановиќ)
– Групаконтемпорари “ United” DS Crew 1во место ( Кореограф : Арта Ќаили и Сара Кочан , Изведувачи: Ана Беќарска, Александар Матовски- Цако, Моника Бисовска, Дарко Ефтимовски, Оливер Блажевски, Христијан Стојанов и Ена Митревска)
– Формацијаконтемпорари“ Unity in Diversity “ DU Crew 1во место (Кореограф : Арта Ќаили Изведувачи : Првата постава и танчарите со Даун Синдром и други попречености)
– Солоконтемпораридевојкимладинци “Blue bird” 2ро место ( Кореограф и изведувач Арта Ќаили )
– Соло девојки јуниори 6то место самба и румба ( Марија Попоска)
Dancers United се посебно горди на нивното прво место за кореографијата Unity in Diversity која е во изведба на првата постава на клубот и танчарите со Даун Синдром кои заеднички испраќаат порака за единство и инклузија. Сите ние сме различни и треба да се прифатиме и сакаме како такви. Не одбираме како ќе се родиме но одбираме како ќе живееме. Танчарите со Даунов Синдром од Dancers United се добро познати на нашата јавност бидејќи се носители на светските и европски титули во хипхоп и шоуденс во изминативе неколку години а оваа година си ја потврдија својата шампионска титула и во категории модерен балет. Но, тоа што е уште поважно е дека тие рамо до рамо танцуваа со првата постава на клубот во редовна категорија и испратија силна порака за инклузија и заедништво на која никој не може да остане рамнодушен.
Dancers United се поддржани од Претседателот на државата Проф. Стево Пендаровски кој пред заминување им испрати и писмо за поддршка и потврда дека учеството на инклузивните точки на натпреварот се од јавен и национален интерес и честиташе на клубот за посветеноста и досегашните успеси со кои преку уметнички вештини ја стимулираат интеграцијата на лицата со попреченост во Северна Македонија и Министерството за култура која го препозна натпреварувањето на клубот како дел од Проектите од национален интерес како и Агенцијата за Млади и Спорт и директорот Дарко Каевски.
Визијата на Сара Кочан и Нермин Кочан сопствениците и главни кореографи на Dancers United е да се создаде место и танцов клуб каде сите се еднакви и вратите се отворени за секого да може да се чувствува свој без дискриминации и поделби, а за ова се пример и оваа група која не претставуваше во Москва која е составена од танчари од различни нации, вери и општествени групи. Dancers United е инклузивен танцов спортски клуб кој нуди програми за лица од 4 години па без горна граница во дисциплините латино, хипхоп и балет за деца и млади како и Зумба и аеробик за возрасни.
Source: https://style.mk/
Comments