Балет

Термини:

*Деца од 3 - 5 години:

вторник и четврток од 18 - 19ч

*Деца од 6 - 8 години:

вторник и четврток од 19 - 20ч

 

Балет — формализиран танц со потекло од францускиот двор, подоцна развиен во Франција и во Русија, како концертна форма на танц. Балетот е танц со висока техничка форма и сопствени изразни средства. Првенствено се изведува со придржба од класична музика. Поради својата техничка сложеност и естетска вредност, балетот се смета за најпрестижна форма на танц, и поради тоа е прифатен ширум светот. Балетските претстави се кореографирани и вклучуваат мимика, глума и се придружени со музика (обично оркестарска). Првобитната форма на балетот денес се нарекува класична, а покрај тоа постојат и неокласичен и модерен балет. Зборот „балет“ потекнува од латинскиот збор ballare, што значи танцување.

Стилови

Класичен балет

Класичниот балет се базира врз традиционалната балетска техника и вокабулар. Постојат различни стилови на класичен балет кои се поврзани со нивните места на потекло, како што се францускиот ,италијанскиот и рускиот балет. Неколку од стиловите на класичниот балет се поврзани со специфични методи на обука, кои обично се именувани според нивните создавачи. На пример, методот „Cecchetti“ е именуван по неговиот создавач, италијанскиот танчер Енрико Чечети.

Неокласичен балет

Неокласичниот балет е стил на балет кој е во согласност со техниката и вокабуларот на класичниот балет, но отстапува од класичниот балет преку ваквите разлики како невообичаено брзо темпо на танцот и неговото додавање на нетрадиционални технички подвизи. Меѓупросторот во неокласичниот балет е обично помодерен или комплексен отколку во класичниот балет. Иако организацијата во неокласичниот балет е поразлична, фокусот на структурата е дефинирачка карактеристика на неокласичниот балет.

Тим Шол, автор на „Од Петипа до Баланчин“, смета „Аполо“ на Џорџ Баланчин во 1928 година да биде првиот неокласичен балет. Аполо претставувал враќање како одговор на апстрактните балети на Сергеј Дјагилев. Баланчин работел со кореографот на модерен танц Марта Греам, проширувајќи ја својата изложеност на современи техники и идеи, и донел модерни танчери во неговата компанија (Њујорк балет) како што е Пол Тејлор, кој во 1959 бил изведувач во „Епизоди“ на Баланчин. Во текот на овој период, Глен Тетлеј започнал експериментално да ги комбинира балетот и модерните техники.

Современ балет

Современиот балет е вид на танц кој е под влијание и на класичниот и на модерниот танц. Ги вклучува принципите на основната техника и контрола на телото (користејќи ја абдоминалната сила) на класичниот балет, но овозможува поголем опсег на движење од класичниот балет и може да не се придржува до строгите линии на телото или одѕивот кој ги вклучува техниката на класичниот балет. Многу од неговите концепти доаѓаат од идеите и иновациите на модерниот танц на 20-от век, вклучувајќи ги работата на под и свиткување на нозете. Овој стил на балет обично се изведува бос.

Џорџ Баланчин често се смета дека е првиот пионер на современиот балет преку развојот на неокласичниот балет. Михаил Баришников бил танчерот кој кратко време танцувал за Баланчин, модел за обука за Киров балет. По именувањето на Баришников како уметнички директор на „American Ballet Theatre“ во 1980 година, работел со разни современи кореографи, особено Твајла Тарп. Тарп ја направила кореографијата за „Push Comes To Shove“ за АБТ и Баришников во 1976 година; во 1986 година ја создала „In The Upper Room“ за нејзината сопствена компанија. Овие две дела се сметаат за иновативни за нивната употреба на јасните модерни движења во комбинација со употребата на шпиц-чевлите и класично обучени танчери - за нивната употреба на современ балет. Тарп исто така работела со компанијата „Joffrey Ballet“, основана во 1957 година од Роберт Џофри. Таа ја направила кореографијата за „Deuce Coupe“ за нив во 1973 година, користејќи поп-музика и мешавина на модерни и балетски техники. „Joffrey Ballet“ продолжила да изведува бројни современи дела, повеќето кореографирани од коосновачот Џералд Арпино. Денес постојат многу современи балетски компании и кореографи. Во нив спаѓаат Алонзо Кинг и неговата компанија, „Alonzo King's Lines Ballet“; „Complexions Contemporary Ballet“ - под раководство на Двајт Роден; „Compañia Nacional de Danza“ на Начо Дуато; Вилијам Форсајт кој има работено интензивно со Франкфуртскиот балет и денес ја работи „The Forsythe Company“; и Јиржи Килијан, моментално уметнички директор на „Nederlands Dans Theater“ (Холандскиот денс театар). Традиционално „класичните“ компании, како што се Кировиот балет и Париската опера и балет, редовно изведуваат современи дела.

© Since 2013 by Dancers United . All rights reserved. Fall in love with dance...

 

УСЛОВИ И ПРАВИЛА

  • Facebook
  • Instagram
  • YouTube