Search

Македонските танчери со Даунов синдром освоија злато на Светското првенство во хип-хоп

Танчерите со Даунов синдром од танцовото студио „Денсерс Јунајтед“ го освоија светот. Тие на Светското првенство во хип- хоп танци го освоија првото место во пара-категорија. Денеска во Киелце-Полска се вееше македонското знаме и ечеше македонската химна.

Сара Кочан, Нермин Кочан и Виолета Балшевска се тренери и ментори на натпреварувачите Ана, Моника, Ена, Александар, Оливер, Христијан и Дарко за кои велат дека се вистински амбасадори на нашата држава.

-Тие уште еднаш докажаа дека кога им е дадена шанса можат и умеат да го направат невозможното-возможно. Македонија треба да се гордее со овие танчери и со „Денсерс Јунајтед“ кои ги отворија вратите за нив и веќе 5 години рушат бариери и освојуваат европски и светски медалји во различни категории, имено тие ги држат титулите Европски шампиони во латино шоу јуниори (деца со типичен развој) како и европски шампиони во повеќе пара категории освоени годинава во мај- вели Сара Кочан.

Source: https://www.novamakedonija.com.mk

2 views

© Since 2013 by Dancers United . All rights reserved. Fall in love with dance...

 

УСЛОВИ И ПРАВИЛА

  • Facebook
  • Instagram
  • YouTube